Касами се сретна со Рокас: Тетово чекори кон посветла европска иднина како дел од европското семејство
Денеска, во просториите на Општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами, го пречека Амбасадорот на Европската Унија, г. Михаилис Рокас, во рамки на неговите посети на општините во Северна Македонија. Оваа средба е дел од серија ангажмани кои имаат за цел да ги доближат граѓаните и локалните институции со процесот на пристапување во Европската Унија.
Европската Унија секогаш го потврдувала своето ангажирање за развојот на нашите општини преку конкретни иницијативи кои имаат за цел подобрување на квалитетот на животот, промовирање на одржливиот развој и зајакнување на демократските стандарди.
Градоначалникот на Општина Тетово го изрази своето посветување да даде активен придонес во овој процес, носејќи идеи и иницијативи кои имаат директно и позитивно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните на Тетово.
Општина Тетово му заблагодари на Амбасадорот Рокас за посетата и неговата континуирана поддршка во изградбата на мостови на соработка помеѓу Европската Унија и локалните заедници. Во овој дух на соработка и заедничка визија, Тетово чекори кон посветла европска иднина како дел од европското семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа