Денеска се слави Свети Нектариј Битолски - за многу години

 


Општина Битола и Преспанско-пелагониската епархија со заеднички активности го слават заштитникот Свети Нектариј Битолски (1430-1500), битолски светец прогласен за патрон на градот во 2007 година.

Свети Нектариј чие крстено име му било Никола, е роден во Битола, митрополија на Охридската архиепископија. Во младите години живеел во родниот град, а последните години од животот ги минал на Света Гора, каде на 70 годишна возраст се упокоил на денешен ден во 1500 година. Неговите свети мошти почиваат во келијата во Света Гора.

Утрово во храмот „Св. Димитрија“ во Битола се служи Света Божествена литургија, а според востановената традиција, напладне во Офицерски дом, Општина Битола ќе гдодели награди на најдобрите талентирани ученици од основните и средните училишта кои освоиле одличја на домашни и меѓународни натпревари.

18.12.2024 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега