Масар Омерагиќ едногласно е избран за нов претседател на ФФМ
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доби нов претседател на вонредното Собрание откако беше констатирана оставката на досегашниот прв човек, Муамед Сејдини.
Делегатите едногласно го избраа Масар Омерагиќ за нов предводник на македонскиот фудбал.
Тој вели, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот.
„Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот за да се постигнат целите. Со работа започнуваме веќе од утре. Имам неколку клучни точки кои ќе ги применам во моето владеење: Враќање на легендите во структутире на македонскиот фудбал. Чест ми е што мојата програма ја покажаа многу истакнати имиња. Фудбал за секое дете. Мојот сон и сонот на секое дете е да прерасне во фудбалер. Регуларно првенство, итно воведување на ВАР, инфраструктура. Да создадеме нормални услови секој фудбалер. Обединување околу националните селекции, особено околу А селекцијата. Чесност, чист образ и транспарентност. Вратите на ФФМ се широко отворени за сите оние кои се со идеи да помогнат за доброто на фудбалот. Но и затворање на вратата на сите кои работат за лошото на фудбалот. Нулта толеранција за корупцијата во македонскиот фудбал“, изјави новиот претседател, Марар Омерагиќ на своето обраќање.
Масар Омерагиќ е седмиот претседател во историјата на ФФМ по осамостојувањето на Македонија. Досега на оваа функција беа: Алексо Кипровски (1992-1993), Љубисав Иванов – Ѕинго (1993-1999), Ламбе Арнаудов (1999-2002), Харалампие Хаџи-Ристески (2002-2012), Илчо Ѓорѓиоски (2012-2018) и Муамед Сејдини (2018-2024).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа