Мицкоски: Срамота е ова што го прават супермаркетите пред празниците - инспекциите ќе бидат жестоки

 

Премиерот Христијан Мицкоски лут на трговците откако ги покачија цените на производите кои не се опфатени во т.н. Новогодишна кошница.

Најави дека на денешната владина седница од Државниот пазарен инспекторат ќе бара робусна и жестока акција бидејќи, како што вели, некои од маркетите шпекулираат и се служат со трикови.

Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи сега да го надоместуваат со зголемување драматично на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, солна и така натаму и така натаму, јајца и слично. Трикови не може. Тоа нема оваа влада да толерира и жестоко има да се справиме со овие коишто мислат дека не надмудриле. Нема такви коишто мислат дека со трикови ќе не ќе не надмудрат. Ја апелирам до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето - рече Мицкоски.

Вели, од ДПИ ќе бара детална анализа за тоа како се движеле цените на производите во изминатиот период.

-И ќе побарам од пазарниот инспекторат детална анализа како е покачена цената во изминативе 30 дена на на на овие производи. Срамота е ова што го прават пред празниците коишто коишто доаѓаат. Сакавме добра волја да покажеме, сакавме да се договориме, видете како враќаат. Ова не е коректно и јас денеска од страна на на владата од страна на министерот за економија и труд под чии ингеренции спаѓа пожарниот инспекторат, ќе побарам вонредна инспекција, робусна акција и ова девијантно внесување со трикови да престане., рече Мицкоски.

24.12.2024 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега