Хаос на Пластичарската улица во Скопје - киднапирани двајца работници на ЕВН

 

Двајца работници на ЕВН Мкедонија денеска се киднапирани на Пластичарската улица во Скопје. Равботниците се држени два часа од луѓето кои протестираат по што со полициска интервенција се ослободени. Работниците на ЕВН воопшто не интервенирале на оваа точка, туку случајно поминувале во близина на демонстрантите по што биле запрени и извадени од возилото. Според последните информации тие се чувствуваат добро.

Десетина граѓани од вчера протестираат на Пластичарската улица откако останаа без струја поради преоптоварување намрежата од диви приклучоци. Од ЕВН Македонија информираат дека на оваа точка компанијата не ги исклучила неплаќачите на струја, уу станува збор за дефект. Како што веќе објави Press24 поради кражби на струја и нелегални приклучоци, транформаторот се преоптоварува и осигурачите го прекинуваат снабдувањето со стрја. Граѓаните, според компанијата не дозволуваат ЕВН да изврши реконструкција на трансформаторот согласно новиот проект. 
На мета на демонстрантите се и новинаите на кои не им се дозволува да си ја работат работата бидејќи според луѓето кои протестираат, не информирале добро. 

26.12.2013 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега