Папата ќе го збмрчи првиот електичен папамобил: Додека патува нема да го загадува воздухот
На почетокот на декември, Папата го доби првиот електричен папамобил од германски производител на автомобили. Ова значи дека неговите идни локални патувања нема да испуштаат штетни емисии.
На Бадник според Грегоријанскиот календар, папата Фрањо свечено ја отвори Светата врата во базиликата Свети Петар во Рим, со што започна прославата на јубилејната односно Светата 2025 година. Непосредно пред т.н Јубилеј 2025 година, на почетокот на месецот, Папата доби папамобил од Мерцедес-Бенц, кој за прв пат во историјата е електричен автомобил. Ова значи дека неговото локално патување повеќе нема да ослободува штетни емисии, известува Climate 101.
„Со новиот папамобил, папата Франциск е првиот папа кој патува со целосно електричен Mercedes-Benz за време на неговите јавни настапи“, изјави извршниот директор на Mercedes, Ола Калениус.„Со овој папамобил испраќаме јасен повик за електромобилност и декарбонизација“, рече Калениус.
Германскиот производител на автомобили го испорача првиот папамобил во далечната 1930 година и оттогаш редовно соработува со Ватикан. Во последните 45 години, папамобилот е Mercedes G-Class, но возилото е специјално приспособено за потребите на поглаварот на Католичката црква, а тоа е случај и со овој електричен автомобил.
Во задниот дел на папамобилот има централно поставено, ротирачко седиште, кое овозможува флексибилно движење и обраќање до публиката од различни агли. Зад папата, лево и десно, вградени се уште две индивидуални седишта за дополнителни патници.
Отворен покрив
Автомобилот е опремен со покрив кој може да се спушти или подигне за безбедност на папата. По обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори во 1981 година, користен е покрив отпорен на куршуми, но папата Франциск чувствува дека стаклото го дели од верниците и претпочита да се вози во отворено возило.
Зборувајќи за ова во една прилика, папата Фрањо изјави:
„Не можам да ги поздравувам луѓето и да им кажам дека ги сакам во конзерва од сардини иако е направена од стакло. За мене тоа е ѕид“.
Бидејќи малите брзини се неопходни за време на јавни настапи, електричниот попамобил е прилагоден и на ова барање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа