Што се случува во Фершпед: Кираца си ги продаде акциите сама на себе

 

Потпретседателката на надзорниот одбор на Фершпед, Кираца Трајковска, останува во Фершпед иако вчера објави дека ги продала акциите во компанијата

Трајковска, всушност ги продаде акциите на сопствената фирма. Во изиајава за НОВА ТВ, таа вели дека тоа е нејзин влог во нејзината фирма.

- Останувам во Фершпед, а ги продадов своите акции на Друштвотото за инвестирање и консалтинг “Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ” Скопје, како мој влог и заложени како позајмица во моја фирма, каде имам и уште двајца содружници“, изјави Трајковска за НОВА.

Трајковска преку Берзата вчера соопшти дека продала 11,9% од акциите во Фершпед.

Од почетокот на месецов кога започнаа превирањата во компанијата, цената на акцијата ги урна сите рекорди. Пред еден месец таа чинеше помалку од илјада евра, а деновиве се тргуваше и за над 3000 евра.

27.12.2013 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега