Прекршоците ве стигнаа - МВР праќа “честитки“ до непослушните возачи

MВР во текот на изминатиот период, врз основа на прегледани снимки и направени фотографии од видео надзорот по сообраќајниците во главниот град но и во други градови низ земјава, упати над 100 предупредувања на возачи за сторени сообраќајни прекршоци по разни основи.

Притоа со предупредувањето на граѓаните им се испраќаат фотографии на кои е фотодокументиран соодветниот прекршок. Најголемиот број сообраќајни прершоци евидентирани се во Скопје – 63, пришто 13 прекршители се правни лица (меѓу кои и неколку државни институции), додека остатокот се граѓани-жители на СКопје. Исто така евидентирани, односно фотодокументирани се прекршоци во Куманово, Кавадарци, Велес и Струга.

Инаку, најголем дел од прекршоците се однесува на прекршокот “забрането запирање и паркирање“ и тоа во близина на пешачки премин, на тротоар, односно пешачка патека, како и запирање и паркирање во близина на стојалишта за возила на јавниот сообраќај или на места каде паркираното возило го оневозможува движењето или пристапот на други возила во сообраќајот. Досега според евиденцијата на соодветните служби при МВР издадени се над 1.400 предупредувања до граѓани со фотодокументирани сообраќајни прекршоци.

29.12.2013 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа