Го оставиле комбето во Танушевци и си заминале: Полицијата во него пронашла 180 пакети храна

 


Вчера во 14.30 часот во близина на с.Танушевци, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци забележале возило комби со косовски национални ознаки. Притоа, две лица од комбето го напуштиле местото и заминале кон границата со Косово.

При преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација.

Возилото со производите било предадено во Полициското одделение Арачиново за понатамошна постапка.

 

26.02.2025 - 16:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега