Дури пет празници во јануари - еве ги неработните денови во првиот месец од 2014та

Први јануари, првиот ден во новата година е неработен за сите граѓани на Република Македонија. Во јануари 2014 година за сите граѓани неработен ден ќе биде и 7 јануари, прв ден на Божиќ. За припадниците на православаната вероисповед неработни денови ќе бидат и 6 јануари, кога се слави Бадник, и 19 јануари, кога се празнува празникот Богојавление-Водици. За несреќа, Водици оваа година се паѓа во недела. 27 јануари е неработен ден и за сите рипадници на српската заедница во Македонија. Тие на овој ден го празнуваат празникот Свети Сава.

30.12.2013 - 00:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа