Тошковски и Касами најавија засилени сообраќајни контроли во Тетово: Ќе се казнуваат непрописно паркирани возила на булеварите

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во општина Тетово, заедно со градоначалникот Биљал Касами, најави засилени сообраќајни контроли во Тетово во наредниот период, по примерот на Скопје.

-Како и секаде низ Македонија, и во градот Тетово имаме проблеми со погрешно запирање и со погрешно паркирање на возилата, особено на главните сообраќајници. И сакам да најавам дека во иднина, од наредната недела се надевам ќе започне документацијата на еден нов план којшто ќе треба да даде едно ад-хок решение. Најавувам засилени полициски контроли и засилени полициски проверки во соработка на пајак службата којашто ја има општина Тетово, во делот на сите клучни и витални сообраќајници во рамки на општина Тетово, рече Тошковски.

Најавата за засилената активност на сообраќајната полиција доаѓа однапред зашто, како што рече министерот, целта е превенција и функционалност на сообраќајниците во Тетово. 

-Се надевам дека секој еден тетовчанец сака колку што е можно побргу да стигне од точка А до точка Б во рамки на општина Тетово. И најголемото мнозинство на  тетовчани коишто ги почитуваат правилата, ги почитуваат сообраќајните знаци, паркираат таму кадешто е дозволено. Нажалост поради оние коишто не се мнозинство не можат да си ги остваруваат своите права, односно од паркирањето на возила на кој - кај ќе му текне, од овие малкумина да речеме, Тетово е нефункционално во делот на крвоток и проток на возилата по главните сообраќајници, рече Тошковски.

01.03.2025 - 13:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега