Лазар целиот крвав влетал во болница - Му зариле нож во вратот
Вистинска драма се одвивала во Србија кога на маж му зариле нож во вратот, па тој целиот крвав отишол во болница.
Како што пренесуваат српските медиуми, 30-годишниот Лазар К. отишол целиот крвав во болница откако маж му зарил нож во вратот на градилиште во Белград.
Лзар добил тешки повреди, но за среќа не се животозагрозувачки. Докторите од Клиничкиот Центар во Белград за српските медиуми изјавиле дека Лазар бил итно опериран.
Инаку, Белградската полиција вчера во врска со инцидентот го уапсила 47-годишниот П.А. кој се сомничи дека го нападнал момчето со нож во вратот околу 14 часот и 30 минути, на едно градилиште.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа