Научна трибина за статусот на македонскиот јазик во МАНУ

 

Во организација на Одделението за лингвистика и литературна наука при Македонската академија на науките и уметностите и Советот за македонски јазик, денеска во МАНУ ќе се одржи научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“.

Учесниците на трибината ќе зборуваат за статусот на македонскиот јазик од аспект на неговата употреба во наставата, медиумите и јавната комуникација, како и за дијалектите, топонимите и терминологијата.

Воедно, како што соопштија од МАНУ,  ќе се осврнат и на континуитетот во развојот на македонскиот јазик, неговиот развој во ера на засилена глобализација, како и за интеграцијата на земјава во правниот мултилингвизам на Европската Унија.

12.03.2025 - 08:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега