Следи температурен шок: Снегот се враќа - температурите ќе паднат нагло
Утре и во сабота времето ќе биде стабилно и топло со засилен јужен ветер, над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
13.03.2025 - 12:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа