По брза пошта му праќал дрога на другар му во битолскиот затвор

19 годишниот Д.Х. и 21 годишниот Д.Р. од Битола си заработија кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

Според информациите од МВР, во текот на јули годинава, Д.Х. од лице од Скопје набавил непозната количина марихуана, по што по брза пошта во три паковки му ја испратил на Д.Р. во затворот во Битола, за тој да ја препродава.

Полицијата кај Д.Р. пронашла 9,44 грама марихуана.

 

30.12.2013 - 14:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега