Пратениците завршија со работа за оваа година

Со поддршка на Предлог измената на Водостопанската основа на Република Македонија од 1968 година за акумулацијата Бучин, Собранието на Република Македонија денеска ја заврши последната седница за 2013 година.

Во рамки на 80. седница, поддржани беа и предлог измените за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација, на Законот за вино кои треба да се донесат по скратена на постапка, на Законот за данокот на додадена вредност, дополнувањата на Законот за идентификација и регистрација на животните,..., додека измените на Законот за радиодифузна дејност по барање на Владата беа повлечени.

Во рамки на 77. седница не доби поддршка Предлог законот за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Република Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, поднесен од пратеникот Ивон Величковски.

30.12.2013 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега