Утре се будиме на минус еден - магла и студ за новогодишната ноќ

Времето утре во Македонија ќе биде облачно, по одделни котлини магливо. За време на новогодишната ноќ ќе се задржи облачно, тивко и не многу студено со магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје со ниска облачност, а во текот на ноќта со магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до четири степени.

 

30.12.2013 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега