Разбиени четири тешки кражби во објект на МЖ – четворица осомничени за милионска штета
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за извршување на четири тешки кражби, како и уште еден обид за кражба во објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје, лоциран на булеварот „Србија“.
Осомничените во четири наврати месецов, со употреба на сила и алатки го искршиле катанецот на металната капија, по што влегле во објектот и одземале разни машини и предмети. Вкупната штета е проценета на 1.239.000 денари.
Последниот инцидент се случил на 14 април, кога двајца од осомничените повторно се појавиле на локацијата, ја обиле металната капија и се обиделе да однесат парчиња лим. Во моментот биле забележани од вработени во претпријатието и задржани на лице место.
Јавниот обвинител до надлежниот судија за претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за сите инволвирани лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа