Министерката за финансии замина за САД

 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 април ќе престојува во работна посета на САД.

За време на престојот таа на покана на македонските здруженија во Чикаго ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора која живее и работи во овој дел од САД, а од 22 април ќе учествува на редовните Пролетни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Во рамки на Пролетните средби, кои се одржуваат во Вашингтон, таа ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд, на Светската банка, со претставници на Трезорот на САД, како и со повеќе меѓународни финансиски институции.

На состаноците ќе бидат претставени мерките и политиките на Владата за одржување на макроекономскатa стабилност и реформски процеси за унапредување на управувањето со јавните финансии.

20.04.2025 - 11:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега