ВМРО-ДПМНЕ: Се градат нови автопати, експресни, регионални, магистрални патишта и модерни коридори
Патниот транспорт е важна алка во синџирот на економијата на целата држава тоа значи нови можности, поголема безбедност, нови бизниси, нови работни места, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развој на Mакедонија и интеграција во регионот. Има засилена динамика на градежни активности на терен. Со реализација започна автопатот Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри и вредност од 90 милиони евра. Се градат нови автопати, експресни, регионални, магистрални патишта и модерни коридори. Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата пан европски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д. Се реализира многу важен стратешки проект, европската артерија Коридорот 8 кој ги поврзува Јонското Јадранското море со Црното море и е значајна алка за развој на Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ напорно работи на капитални проекти има план и визија со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и отворање на нови работни места, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст. Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион и да има модерна и функционална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, додаваат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа