Приведен кривопаланчанец: Пијан возел во Куманово

 


Вчера во 22.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(34) од Крива Паланка.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило „Ауди“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.П. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,61 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против истиот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ - „безобѕирно управување со моторно возило“.

04.05.2025 - 15:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега