Николоски: Велика Британија ни ги става на располагање најголемите умови

Договорот со Обединетото Кралство покрај финансиската има огромна политичка тежина бидејќи стратешки тој на Македонија ќе и обезбеди силна подршка во меѓународните процеси, потенцираше во интервјуто за МРТВ, вицепремиерот Александар Николоски.
Тој истакна дека ова е историски настан за што бенефитите ќе ги гледаат граѓаните на Македонија во годините што следат.
“ Треба да имаме превид дека Велика Британија на располагање ги става најголемите умови, своите највредни луѓе да и помагаат да се развива Македонија. Тие на Македонија и ставаат експертска помош во сите области кај што ние имаме потреба. Ставаат на располагање експерти и од јавната администрација но исто така и од бизнис заедницата кои што треба да и помогнат на Македонија да се развива и македонското општество да оди на едно повисоко ниво. Зборуваме за втората најмоќна земја во светот после САД, зборуваме за единствената кралска империја која преживеа во светот, зборуваме за нуклеарна сила, зборуваме за земја членка на Советот за безбедност, земја победник во Втората светска војна и една од топ петте економии во светот. Така што мислам дека подобар партнер Македонија не може да добие” – истакна вицепремиерот Николоски и додаде:
“Се бориме да биде признат македонскиот јазик или кога се бориме да биде признаето македонското национално малцинство во соседните држави и кога се бориме за правата на Македонците или кога се бориме гласно Македонија да ја слушнат, тогаш ни требаат големи партнери кои би ни помагале во овој процес и мислам дека Велика Британија е еден таков партнер”- рече тој.
Тој заклучи дека Македонија досега немала договор во вредност од 6 милијарди евра, што дава дополнителна тежина на односите и соработката со Обединетото Кралство.
23.05.2025 - 20:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа