За еден ден 7 сообраќајки на скопските улици

 

 

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Градот Скопје и неговата околина не се случила ниту една сообраќајна незгода со посериозни последици.

Според информациите од МВР, извршен бил увид на вкупно седум незгоди од кои во четири била причинета само материјална штета, а во три несреќи  полесно биле повредени двајца возачи на патнички моторни возила и четири сопатници во возилата.

За минување на црвено светло на крстосниците биле санкционирани седум возачи, од сообраќај биле исклучени осум возила чии возачи ги управувале со изминат рок на сообраќајната дозвола, а санкционирани биле и 14 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

Казни си заработиле и девет возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 64 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот .

За денеска нема најави за вонредни настани. Се очекува сообраќајот да се одвива редовно, без измени и забрани и според постоечката сообраќајна регулатива, информираат од МВР.

09.01.2014 - 08:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега