Падна царински службеник, МВР откри што направил

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.З.(27) од Куманово, царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 03.09.2024 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, при извршен преглед на патничко возило, управувано од лице од Струмица, пријавениот ја злоупотребил службената должност и овластување, на тој начин што на лицето  му пресметал за плаќање помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз и му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 41.433 денари на штета на Буџетот на РМ.

05.03.2025 - 22:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега