Од утре нова цена на бензините

 

Регулаторната комисија за енергетика во текот на денот треба да ги соопшти новите малопродажни цени на нафтените деривати, согласно праксата за нивна регулација на секои две недели.
Потоа, ќе знаеме дали од утре ќе возиме поскап или поевтин бенизин. Со последната одлука, која важи од 30 декември, минатата година, бензините поскапеа за половина денар, па во моментов, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 се точи за 78,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 80 денари за литар.
ЦЕната на дизелот на се промени, и се уште се точи за 70 денари за еден литар. 
Во текот на минатата недела, доларот ја загуби вредноста, а имаше мало зглемување на цената на суровата нафта на светските берзи.

13.01.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега