Грците сакаат да градат нова хидроцентрала во Македонија
Приоритет на грчката државна компанија за електродистрибуција ДЕИ за оваа година е изградба на нова хидроцентрала во Македонија, како и учество во работата на веќе постоечка хидроцентрала, јави дописникот на МИА од Атина.
Директорот на ДЕИ Артур Зервос на конференцијата „Инвестирање во енергијата 2014“ што се одржува во главниот град на Грција истакна дека годинава ќе биде ставен акцент на стратешка експанзија на компанијата во странство.
Во однос на Македонија, ДЕИ ќе учествува на тендер на македонската Влада за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на нови хидроцентрали, но и за учество во работата на веќе постоечки погон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа