Успеси, анегдоти и настани во „Ова не е крај“ - најблиските зборуваат за животот на Тоше Проески

 

На 25. јануари, денот на раѓањето на македонската музичка легенда Тоше Проески, ќе  биде промовирана книгата „Ова не е крај“  во која се опфатени сегменти од неговиот живот.

Соња Алексоска Неделкоска е автор на книгата, а нејзин издавач е фондацијата Тоше Проески.

За потребите на книгата се интервјуирани повеќе од 80 соговорници. За Тоше зборуваат членовите на најблиското семејство, сестрата Дора, зетот Славен Ристески, внукот Кристијан. Анегдоти од детството на ТОше откриваат и неговите другари. 

ВО книгата ќе може да прочитаме и за почетоците на кариерата на Тоше, за  првите настапи, првата отпеана песна, но и за текот на неговата кариера. За професионалниот ангажман на Тоше зборуваат познати имиња од светот на класичната музика и од спортот. За  неговата кариерата во Србија свои искуства споделуваат неколку  музички  соработници и изведувачи и неколку познати српски новинари, за тоа како Тоше ја освои Хрватска и Балканот зборуваат повеќе значајни личности од тамошниот музички пазар. Светски автори ќе го споделат искуството за соработката со нашата легенда при снимањето  на албумот „The Hardest Thing”.

- Книгата  ќе биде во луксузно пакување, правена е  по терк на изданијата за светските ѕвезди. Во неа има фотографии на Тоше од неговиот приватен албум. На нив се овековечени моментите со неговото најблиско семејство, како и од детството, од првите чекори на снегот, првите настапи, концерти, фотосесии, информираат од Фондацијата „Тоше проески“.

17.01.2014 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега