Искрено писмо до Цеца- те сонувам секоја вечер и постојано мислам на тебе

 

Азерина Силајџиа петнаесетгодишното девојче од Босна е голем фан на српската пејачка Цеца Ражнатович.

Таа во своето писмо до пејачката навела дека секоја вечер ја сонува Цеца, и дека нејзина најголема желба е во живо да ги слуша нејзините најголемите хитови .

Драга Цецо ја сум Азерина Силајџиа и живеам во Босна и Херцеговина, многу ми е жал што не можам да присуствувам на твоите концерти бидејќи се уште сум малолетна. Јас сум твој голем фан и ги знам сите твои песни. Те сонувам секоја ноќ и постојано си ми во мислите.

"Кога и да се логирам на фејсбук  гледам само твои слики и се друго занемарувам. Дури и моите пријатели ми замеруваат што толку многу те обожавам и што секогаш зборувам за тебе.

Сакам барем да те гушнам. Поради тебе го засакав Белград и Србија. Размислував како да стапам во контакт со тебе и мислев да ти напишам писмо и да го испратам на твојата адреса но за тоа ми е потребно повеќе време. Ова е вистина и го пишувам искрено и со многу емоции. Уште еднаш повторувам дека те сакам многу , голем поздрав и бакнежи до тебе и целото твое семејство напишала Азерина во своето писмо.

22.01.2014 - 14:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега