Кајмакоски: Не ме фаворизирајте, да не ја згрешиме

 
После синоќешниот настап и повторно огромната поддршка, речиси немаше обичен човек или јавна личност кои не рекоа дека Даниел е фаворит. А многумина рекоа дека тој е веке победник. Масовната поддршка од сите балкански земји е неспорна и огромна, но Данел сепак сака секој да ја добие подеднакво својата шанса.
-Не сакам да ме фаворизираат, сакам рамноправна борба. Таму на сцената, сите сме еднакви со еднаква минутажа и еднакви шанси. Ова е трета емисија до крајот има уште девет. Во секоја емисија еден или  двајца се издвојуваат по нешто. Гледачите треба да уживаат во настапите и сами да си донесат одлука кој е добар. Свесни сме дека одлични кандидати отпаднаа. Борбата допрва се разгорува. Не сакам да згрешиме. Тоа што Кристина Ковач на првата аудиција ми рече дека сум потенцијален победник беше огромен комплимен кој ми наметна огромна обрвска. Гласовите на публиката ќе одлучат кој го заслужил нивниот глас. Фаворизирањето е меч со две острици.
22.01.2014 - 23:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега