Ти ми беше идол - емотивно писмо од Фелипе Маса до Шумахер

 

Кога возев картинг, твоето име ја красеше мојата кацига, ти ми беше идол. А, сега имам огромна потреба да те видам и да те прегрнам. Боже, те молам, тој е мојот брат, напиша славниот Бразилец.

Поранешната ѕвезда на Ферари, Фелипе Маса упати емотивно писмо до својот некогашен колега Михаел Шумахер.

Маса во писмото на својот клупски колега од 2006 година, кога заедно настапуваа за Ферари, изрази загриженост за животот на Германецот кој од 29 декември лежи во вештачка кома во болницата во Гренобл.

- Драг Михаел, драг мој пријателе, исто како што ти мене ми помогна во мојата кариера, така и јас за тебе се молам со сето свое срце секој ден. Кога возев картинг, твоето име ја красеше мојата кацига, ти ми беше идол. А, сега имам огромна потреба да те видам и да те прегрнам. Боже, те молам, тој е мојот брат. Се надевам дека ќе оздраве брзо. Бог да те благослови, напиша Маса.

Ако некој воопшто може да го разбере Шумахер, тоа е токму тој Фелипе Маса. Бразилецот во 2009 година исто така доживеа тешка несреќа  во текот на квалификациите за големата награда во Унгарија и за чудо остана жив.

Маса, поради тешките повреди на главата исто така беше во вештачка кома и преживеа неколку исклучително комплицирани операции. Целото тоа време со него во болницата во Будимпешта беше неговиот „помлад брат“ Михаел Шумахер.

Маса преживеа и се опорави, да се надеваме дека Шумахер наскоро ќе му се реваншира.

24.01.2014 - 00:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега