ТРАНСФЕР БОМБА: Лотар Матеус нов тренер на ФК Вардар?

 

Германецот Лотар Матеус би можел да биде „бомбата“ на зимскиот преоден рок во Македонија, како нов тренер на актуелниот македонски шампион Вардар. Вакви најави доаѓаат од нашиот северен сосед, каде очигледно во моментов се многу подобро запознати за тоа какви ќе бидат следните чекори на новото раководство на ФК Вардар, кој дојде во рацете на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, пишува Екипа

 

Преку истите релации и српскиот фудбалер Саша Стојановиќ, кој е член на Раднички Ниш, бил предложен како можно засилување за „црвено-црните“.

 

Лотар Матеус има одлични релации на Балканот, откако пред повеќе од една деценија беше тренер на Партизан и успеа да го внесе во Лигата на шампионите. Подоцна во тренерската кариера беше и селектор на Унгарија и на Бугарија, а од 2011 година е без ангажман, откако го напушти кормилото на бугарската фудбалска репрезентација.

Останатите информации околу најавите за овој трансфер прочитајте ги на Екипа

24.01.2014 - 23:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега