НетПрес: Хаос во медиумите на СДСМ - Газдите бизнисмени, новинарите на минималец

По објавување на информацијата дека првата новинарска екипа на СДСМ терала бизниси на големо и дека уредниците на едни од главните опозициски медиуми имале и по неколку фирми во своја сопственост, се случува вистински хаос и гнев меѓу новинарите кои во тие медиуми извршуваат секојдневни работни задачи, пишува Нетпрес.

Извори за Нетпрес од медиумите на СДСМ велат дека биле злоупотребувани за остварување на лични бизнис агенди на нивните уредници и сопственици.

„Не може вака. Работам за 11.000 денари по 14 часа во денот, а сега дознавам дека газдата и уредник имал 4 фирми и дека бизнисот му бил главна преокупација“, вели еден од новинарите.

„Полни им се устите со новинарски права ама џебовите изгледа ги полнат со пари од бизнисите додека зборуваат за слободата и правдата“, вели друг соговорник.

-Новинарите се чувствуваат злоупотребени. Тие под притисок на своите газди морале да прават текстови со напади врз владата или поедини функционери, а при тоа често пати манипулирајќи со фактите и правејки конструкции. Се случувало да бидат приморани да ги потпишуваат своите текстови, а по објавувањето да видат дека им е интервенирано во текстовите и во насловите од страна на газдите и уредниците при што самиот новинар се соочувал со можност за тужба или келевета, пишува Нетпрес.

Според порталот, сега станува јасно зошто новинарите уредници на СДСМ тоа го правеле. Желбата за власт на СДСМ, и тоа по секоја цена, и можноста за дополнителен процут на нивните фирми била единствена водилка во нивната работа.

-Според нашите извори, се очекува овие уредници на медиумите на СДСМ за денес да свикаат состанок за да се обидат да го стишат цунамито кое владее во редовите на нивните медиуми помеѓу пониските структури и новинарите, заклучува Нетпрес.

 

 

25.01.2014 - 17:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега