Седници на пет собраниски комисии

Во македонското Собрание денеска ќе заседаваат комисиите за економски прашања, за транспорт, врски и екологија, за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција, и двата во второ читање. Предлогот на дневниот ред се дополнува со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, во прво читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по Предлог-законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, во прво читање. На дневен ред на оваа комисија се и Предлог-законот за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, во прво читање, Предлог-национална програма за железничка инфраструктура 2014 - 2016 и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, во второ читање. Предлогот на дневниот ред се дополнува со Статутарна одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (Прва фаза) и со Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, во второ читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт.

Комисијата за одбрана и безбедност на агендата на седницата го има Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија на седницата ќе расправаат по Предлог-законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, Предлог-законот за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, и двата во прво читање, Предлог-националната програма за железничка инфраструктура 2014 - 2016 и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење, во второ читање.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со Статутарна одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (Прва фаза). 

27.01.2014 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега