Maкедонија во фокусот на Детскиот филмски фестивал во Сиетл

Детскиот филмски фестивал во Сиетл годинава ја стави Македонија во фокусот, со прикажување на 5 кратки играни филмови наменети за младата публика поддржани од Филмскиот фонд на Македонија, како и еден документарен филм произлезен од Школата за креативен документарен филм Актив.

Покрај тоа, на фестивалот ќе бидат прикажани и филмови на Браќата Манаки кои дигитално беа реставрирани со проектот на Кинотеката на Македонија. Филмовите на Браќата Манаки ќе бидат придружувани со македонска музика во изведба на Dragi Spasovski and David Bilides.

 

Драги Спасовски и Давид Билдес работат од 1996 година и преку Izvor Music (izvormusic.com) ја промовираат Македонската и Балканската музика, а објавиле и 56 подкасти насловени како Македонски разгледници кои се објавени на 3 ЦД.
 
Во програмата на фокусот на Македонија ќе бидат прикажани следните филмови:
„Бардо“ на Марија Апчевска
„Жарче“ на Томислав Алексов
„Образ“ на Стефан Сидовски
„Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски
„Game Over“ на Зоран Мишевски
"Spring in Summer" на Един Алија, Мила Радоњиќ и  Вања Ристич (Школа за креативен документарен филм Актив)

Филмскиот фонд на Македонија воспостави соработка со Elizabeth Shepherd, директор на Детскиот фестивал од Сиетл минатата година при одржувањето на првиот Македонски фестивал за деца и млади Џифони Македонија.

27.01.2014 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега