Македонија и Русија слават 20 години дипломатски односи

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак денеска во Скопје ќе приредат свечен прием по повод 20 години од воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави.

На приемот ќе присуствуваат претставници на Владата и на други институции, а свое обраќање ќе имаат министерот Попоски и амбасадорот Шчербак. 

Русија ја призна независноста на Република Македонија на 4 август 1992 година. Дипломатските односи, пак, под уставното име на Македонија беа воспоставени на 31 јануари 1994 година.

На 6 октомври 1994 година руското претставништво во Скопје прерасна во Амбасада на Руската Федерација. Истата година, македонската Канцеларија за врски во Москва започна да функционира како Амбасада на Република Македонија.

Односите меѓу двете земји ги карактеризира пријателство и високо ниво на соработка. На 27 јануари 1998 година претседателите на Руската Федерација и на Република Македонија ја потпишаа Декларацијата за соработка и пријателство меѓу двете држави.

27.01.2014 - 10:26
Фото: 
mfa.gov.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега