Вечер сите пред телевизор - второ извлекување од „Фискална во рака - награда без мака“

Второто извлекување од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ ќе се одржи вечерва во 20 часот. Извлекувањето ќе биде пренесувано на МРТ1.

Во извлекувањата учествуваат сите коверти кои се пристигнати на адресата на Државна лотарија на Македонија до ноќеска во 24 часот. За да учествуваат во наградната игра, граѓаните треба во коверт да испратат 20 фискални сметки не постари од 15 ноември 2013 година со своите лични податоци. Тие може да се испратат во пошта или да се остават во пунктовите наменети за наградната игра кои се лоцирани на ул. Македонија, во „Техномаркет“ во Сити галери и во зградата на МРТ каде е седиштето на Државната лотарија на Македонија.

Главната награда за второто извлекување е автомобил Фолксваген Поло и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 до 60.000 денари.

Првото извлекување се одржа на 30 декември 2013 година,а ќе има вкупно 13 извлекувања. Во сите извлекувања редовни награди се автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, а во седмото кое ќе се реализира на 30 јуни 2014 и тринаесетото кое ќе се реализира на 29 декември 2014, покрај редовните награди ќе се извлекува и за главните награди - стан во Скопје и дуќан во Скопје.  Во седмото извлекување за наградите стан и продажен простор ќе учествуваат и неизвлечените коверти од второто заклучно со шестото извлекување, додека во тринаесеттото, за извлекување на наградите стан и дуќан ќе учествуваат неизвлечените коверти од осмото заклучно со дванаесетото извлекување. 

27.01.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега