Изгореа 80% од конакот - детали за пожарот во Прохор Пчински

Околу 80% од Кралскиот конак е зафатен во пожарот кој попладнево избувнал во манастирот Свети Прохор Пчински, јавуваат српските медиуми. Според информациите, целосно е изгорен и покривот на манастирот, а пожарникарите од Врање, прават се за да го локализираат огнот. На терен се со 4 возила и 11 пожарникари. За среќа, во огнот не е зафатено монаштвото.  Според првичните и се уште неофицијални информации, во пожарот нема човечки жртви. Портпаролот на полициската управа во Врање, Драги Стаменковиќ за српските медиуми вели дека сите расположливи сили се на терен и дека се борат со огнот.

 

 

27.01.2014 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега