Над 20 велешани почнаа сопствен бизнис со мерките за самовработување

Велешани почнаа да ги користат мерките за самовработување на македонската Влада. Според весникот Вечер, во 2013 година, 22 велешани започнале сопствен бизнис преку грантови што ги обезбеди Владата, а ги дава Агенцијата за вработување преку проектот за самовработување.

Користејќи ги грантовите од 3.000 евра, велешани отворија адвокатски канцеларии, работилници, козметичари, фризери, книговодствени бироа, автомеханичари. 

-Многу е добро тоа што граѓаните се амбициозни. Имаат идеи и сакаат да си работат за себе, а не за друг работодавец. Можеби затоа се мотивирани да поднесуваат одлични проекти. Велес, како поранешен најразвиен индустриски град, има доволно квалификувани кадри кои можат сами да остваруваат свој бизнис, вели за Вечер Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Според информациите на Вечер, во делот на самовработување преку кредитирање во Агенцијата за вработување во Велес има помалку пријави, бидејќи можностите се поголеми.

28.01.2014 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега