ВИДЕО: За оваа реклама Ибрахимовиќ заработи 1,4 милиони евра

 

Шведскиот фудбалски интернационалец Златен Ибрахимовиќ кој го сними рекламниот филм за „Волво“стана рекордер на Јутјуб со тоа што за неполни два дена видеото го погледнаа повеќе од милион лица.

Ибрахимовиќ во спотот има улога на добар родител, ловец, спортист и вљубеник во природата, а сето тоа усепешно го глуми по што може да се заклучи дека е талентиран и за уметност на екранот.

Рекламниот филм, кој е сниман кај националниот парк „Стора сјофалет“, постигна голем успех на интернет, а популарниот Ибра заработи 12 милиони шведски круни (нешто помалку од 1,4 милиони евра), пишува шведскиот весник „Дагенс индустри“

Златан Ибрахимовиќ е секако заинтересиран за пари, но едновремено тој можеби сака да го исползува рекламниот филм за да покаже што всушност значи да се биде Швеѓанец. Дека всушност не мора да се зборува перфектно шведски, односно дека сликата  за еден Швеѓанец можеби е сменета, вели шведската новинарка Јохана Франден.

28.01.2014 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега