Пратениците и денеска за новиот состав на Лустрациска

Македонското Собрание денеска ќе ја одржи 80. седница, а по нејзиното завршување ќе продолжи со работа по 82. седница.

На дневен ред на 80. седница ќе расправаат по Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, како и по Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.

Во рамки на 82.седница, пратениците ќе расправаат за Предлог- одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите и Информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, поднесена од пратениците на опозициските партии во Собранието на РМ.

29.01.2014 - 08:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега