Шумахер почнува да се буди од кома
По еден месец во вештачка кома, лекарите го почнаа процесот на будење на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел Шмахер. По неколкуте операции, според последните информации кои доаѓаат од болницата во Гренобл, Шумахер добро реагира на терапијата која мсе дава за будење од вештачката кома. Според лекарите, процесот на будење може да трае и неколку месеци. Во наредните денови треба да почне вракањето на животните функции на големиот ас.
Шумахер пред еден месец се здоби со повреда на мозокот откако падна при скијање
29.01.2014 - 11:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа