Судењето на Цеца одложено поради смртен случај

Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска расположена пристигна во судница каде продолжува судскиот процес во кој таа е  обвинета дека заедно со својот зет го навредувала сопственикот на ФК Млад пролетер, Александар Оларевиќ.

Овој пат судењето е одложено поради отсуството на адвокатот на зетот на Цеца, бидејќи имал смртен случај во семејството.

Пејачката и нејзиниот зет околу обвинувањата за навреда и насилничко однесување ќе се изјаснат на 7 март, за кога е доложено судењето.

29.01.2014 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега