Хорор: Професорка со години силувала ученичка

Хорор го потресе Нови Пазар. Професорка по ликовна култура заврши зад решетки бидејќи силувала ученици.

Според податоците од медиумите, се работи за професорката Наташа П. која работи во гимназијата во Нови Пазар, за која е откриено што правела откако една нејзина ученичка веќе не можела да молчи и се пожалила на својот татко за она што им го прави професорката. Според она што го кажало девојчето чиј идентитет не е објавен, професорката која им предавала четири години, најчесто ги малтретирала и силувала во своето ателје.

- Кога прфесорката слушнала дека малолетничката има момче ја наговарала да го остави. Глумела добра личност, но потоа си го покажала правото лице. Ученичката била втора година кога професорката за прв пат ја бакнала, а потоа имале орален секс во училиштето, вели извор.

Професорката на девојчето му нудела и алкохол и марихуана, а како што поминувале годините се почесто ја злоставувала, а почнала да ги запознава и нејзините другари и другарки и нив да им се додворува. Таа ја уценувала да молчи велејќи и дека има фотографии од нив две додека имаат секс кои ќе ги објави.

Директорот на гимназијата, вели дека е огорчен и згрозен од се што се случило. - Не знаев ништо, инаку ќе направев се веднаш да се спречи, вели тој.

 

29.01.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега