ФОТО: Дури 43 земјотреси за 4 дена на Балканот - се заканува ли разорен потрес

Дури 43 земјотреси се регистрирани на Балканот во последните 4 дена. Според податоците на Европската макросеизмичка лабораторија, најголем де од потресите се во Грција и тоа 40. Сите се со интензитет меѓу 4,3 и 4,6 степени според европската макросеизмичка скала, а најсилниот надминал 6 степени. 
Освен Грција се тресе и поширокиот регион на Балаконт. Земјотреси се регистрирани и во Босна и Херцеговина а потреси почувствувале и граѓантие на некои места во Хрватска. 
Граѓаните стравуваат од можноста за силен земјотрес на Балканот. 
Сепак, сеизмолозите смируваат. Тие велат дека нема можност да се предвиди земјотрес. Според нив, зачестената сеизмичка активност не мора да значи и најава за разорен потрес

30.01.2014 - 00:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега