Во преполн автобус го ставил својот пенис во раката на малолетничка - патниците наместо да помогнат само гледале

Непознат манијак, синоќа приредил вистински хорор за девојче од Белград. Настанот се случил во автобус, а најстрашно од се било што никој од патниците во автобусот не реагирал на она што се случувало.

Според податоците од српските медиуми, 15-годишната К.С. која се возела со автобусот, доживеала хорор кога засега непознат манијак во раката и го ставил својот пенис. 

Како што потврдуваат за српскиот Курир, од семејството на девојчето, малолетничката со својата братучетка се враќала од училиште, кога до неа застанал маж на возраст од 40-50 години, кој и го ставил својот пенис во раката. Најпрво девојчето иако почувствувало дека нешто ја допира по раката, не изреагирало бидејќи мислела дека тоа е нејзината роднина. Потоа сфатила дека тоа е манијакот кој имал откопчан шлиц, и со својот полов орган ја допирал по телото. Девојчињата плачејќи започнале да викаат, но никој од преполниот автобус не им помогнал.

Полицијата трага по манијакот.

06.02.2014 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега