ВИДЕО: Јулија е најмладата олимпијка која освоила медал
Со само 15 години руската натпреварувачка во уметничко лизгање Јулија Липницкаја стана најмладата освојувачка на златен медал во историјата на Зимските олимписки игри.
Русинката синоќа во моментот на освојување на медалот имаше 15 години и 149 денови и со тоа го собори рекордот на Американаката Тара Липински која на Игрите во 1998 година во Нагано ваков успех постигна на возраст 15 години и 255 денови.
Липницкаја заедно со Евгениј Плушченко победија во екипното натпреварување и на својата земја и го донесоа првото злато на Олимпијадата.
Второто место го освои Канада, а бронзениот медал им припадна на САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа