Објавен конкурсот за издавање 39 ловишта под концесија
Премиерот Никола Груевски денеска по посетата на новата Лабораторија на Институтот за Патологија на Медицинскиот факултет во Скопје, изјави дека во тек е конкурсот за издавање под концесија на 39 ловишта низ земјата.
- Веќе има објавено конкурс за 39 ловишта од кои 13 се за крупен дивеч, а останатите за ситен дивеч. Ова е добра можност за сите домашни и странски лица кои ги исполнуваат условите и критериумите во законот да се пријават. Оној кој ќе ја добие концесијата е тој кој што најмногу ќе понуди на електронска аукција. Ова е добро за локалниот економски развој и отвора нови работни места, изјави премиерот Никола Груевски.
Конкурсот завршува наредниот месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа