Еве зошто повторно ќе му се суди на убиецот на манекенката Червенко

Даријан Мишиќ, убиецот на манекенката од Нови Сад, Владислава Червенко, повторно ќе оди на судење, а Апелација решила да му ја укине казната од 35 години затвор бидејќи според нив не бил тип жеден за крв. 

Според информациите на српскиот Курир, чии новинари имале можност да ја прочитаат одлуката и објаснувањето на Апелацијата, не било јасно како се заклучило дека Даријан е тип жеден за крв: - Не е јасно како е заклучено дека Даријан бил свесен што прави и ја мачел жртвата. Исто така, не е познато како првостепениот суд го користи изразот мачење на жртвата, кога е познато дека под тоа се подразбира унаказување на телото по настанување на смртта, а сите повреди со кои се здобила жртвата биле додека била жива, велат од Апелација.

За потсетување, Даријан ја уби убавата 26-годишна манекенка Владисклава Червенко поради љубомора. Тој ја тепал до смрт, а на нејзиното тело биле пронајдени траги и од гасени цигари. Настанот се случи пред една година, а за време на судењето тој тврдеше дека не сакал да ја убие.

- Јеб*** не сакв да ја убијам, изјавувал Даријан.

Апелација ја укина одлуката тој да одлежи 35 години затвор, а засега се чека на новото судење.

 

12.02.2014 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега