Мемети на состанок на омбудсманите од регионот

Народниот правобранител Иџет Мемети учествуваше на  состанок на омбудсманите од регионот. На средбата која се одржа пред два дена се разговараше за натамошно унапредување на регионалната соработка. 

- Состанокот беше можност да се разменат добрите практики од нашата работа, пред се во областите од дискриминацијата кон Ромите, лицата со посебни потреби, потоа за состојбите со родовата еднаквост, како и социјално-економските права на граѓаните, со акцент на случаите на мобинг како во јавниот така и во приватниот сектор посебно во услови на  економска криза, вели во изјавата за МИА, народниот правобранител Мемети.

Најголем дел од дискусијата, како што рече, посветиле на социјалниот ризик на граѓаните при што била истакната загриженоста за зголемување на овој ризик, а била усвоена и заедничка изјава на омбудсманите од регионот која е објавена на нивните веб страници.

Омбудсманите посебно укажуваат на потребата постојните проблеми да се решаваат низ широк општествен дијалог и целосно почитување на виталните интереси на најзагрозените групи од населението.

- Почитувањето на човековите права и владеењето на правото во секоја ситуација, а особено  во случаите кога граѓаните го изразуваат своето незадоволство за сите власти е императив, што омбудсманите секојдневно ќе го надгледуваат, вели Мемети.

 

13.02.2014 - 14:01
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега