Утре дожд на планините снег - викендов потопло време

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Повеќе врнежи се очекува да има во западните делови на земјава. Ќе дува слаб, а во попладневните часови умерен ветер претежно од северен правец кој на повисоките места и на планините ќе се засилува, а повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните подрачја.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Потоа следува период на стабилно, суво, пријатно и доста топло време за овој период од годината. 

13.02.2014 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега